Дописници МКДОпштински вести

Во Кичево поставени кафези во форма на шише за оставање на пластичната амбалажа

За да ги поттикнат граѓаните на Кичево да ја оставаат пластичната амбалажа на посебно означени места, вработените од комуналното претпријатие на повеќе места во градот поставија плетени кафези од жица во форма на пластично шише.

Кичево, 16 мај 2021 (МИА) – За да ги поттикнат граѓаните на Кичево да ја оставаат пластичната амбалажа на посебно означени места, вработените од комуналното претпријатие на повеќе места во градот поставија плетени кафези од жица во форма на пластично шише.

– На овој начин сакаме да ги потсетиме и поттикнеме нашите сограѓани каде да ја одлагаат пластичната амбалажа. Според признанието на повеќе локални жители, формата на кафезот ги потсетува каде треба да ја оставаат пластичната амбалажа и денес тоа се почесто го прават. Ако се покаже како ефикасен метод, тогаш вакви кафези во форма на плетено шише ќе поставиме и на други пофреквентни локации во градот, со што ќе ги зголемиме и насобраните количества пластична амбалажа, вели директорот на комуналното претпријатие Зенел Јонузи.

Моментално во градот има поставени 60 кафези за собирање на пластична амбалажа, од кои повеќето се со коцкаста форма, но очигледно е дека се повеќе граѓаните се дисциплинирани и пластичната амбалажа почесто ја одлагаат во овие кафези.

Се очекува рециклирањето на пластичната амбалажа уште повеќе да се интензивира во наредниот период, кога потрошувачката на минерална вода и сокови ќе се зголеми и ќе се собираат многу поголеми количества пластична амбалажа и покрај фактот што цените на рециклираната пластика во последните неколку месеци се намалени, а комуналното претпријатие ги зголемува залихите на рециклирана пластична амбалажа. за/бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close