Дописници МКДОпштински вести

Во Кичево нема заразени од Ковид-19, општината ги презема сите мерки

Во Кичево се уште нема заразени од Ковид-19, но се преземаат сите неопходни мерки и континуирано се следи ситуацијата.Општина Кичево ќе и помогне на полицијата со две возила, кои ќе и ги даде за привремена употреба.

Кичево, 8 април 2020(МИА) – Во Кичево се уште нема заразени од Ковид-19, но се преземаат сите неопходни мерки и континуирано се следи ситуацијата.Општина Кичево ќе и помогне на полицијата со две возила, кои ќе и ги даде за привремена употреба. Координативното тело на Општина Кичево  денеска ги посети медицинските контролни пунктови во Здравствениот дом.

-Координативното тело на Општина Кичево денеска продолжи со состаноци, за да видиме како стои безбедносната состојба во Кичево, но овој пат со некои членови ги посетивме медицинските контролни пунктови лоцирани во просториите на Здравствениот дом, информира портпаролот на општина Кичево Емин Насуфи.

Тој додаде дека се преземаат мерки за да се обезбеди место за карантин за граѓани заразени од Ковид -19.

-Полицијата и болничките служби се подготвени, заедно со локалната самоуправа. Општина Кичево ги  презема сите мерки за заштита од Ковид-19. На барање на Одделението за внатрешни работи од Кичево, општината му дава на привремена употреба две, сопственост на Општина Кичево, кои ќе им служат за нивните потреби до крајот на вонредната состојба со коронавирусот, информира Насуфи.

Општината одговара и на барањата на другите тела вклучени во спречувањето на коронавирусот во градот Кичево и околината.

-Од информациите што ги добиваме секој ден од соодветните служби, состојбата во нашиот град е стабилна и нема заразени лица, благодарение на соодветната организација и дисциплина на граѓани кои покажаа почит кон препораките на надлежните органи, како и почитување на полицискиот час објасни Насуфи. рз/ир

Таг
Back to top button
Close
Close