Дописници МКДОпштински вести

Во Кичево денеска четворица пациенти починаа од Ковид-19

И покрај стагнацијата и благиот пад на бројот на новозаболени од Ковид-19 во Кичево, сепак драстично е зголемен бројот на смртни случаи. Како што информира Др.Неџат Балажи, само во текот на денешниот ден во модуларниот ковид центар во Кичево починати се четири лица на возраст од 59 до 73 години.

Кичево, 16 април 2021 (МИА) – И покрај стагнацијата и благиот пад на бројот на новозаболени од Ковид-19 во Кичево, сепак драстично е зголемен бројот на смртни случаи. Како што информира Др.Неџат Балажи, само во текот на денешниот ден во модуларниот ковид центар во Кичево починати се четири лица на возраст од 59 до 73 години.

-Во нашата Општа болница се бележи стагнација од новозаболени лица, така од денес 23 тестирани, позитивни се десет лица или под 50 проценти, што е добар предзнак за наредните денови, кога очекуваме смирување на третиот бран. Дополнително потврда дека бројот на заболени е во благ пад е и денешниот број пациенти кои извршиле ренген снимка 36, кај 90 проценти од нив состојбата е далеку подобра за разлика од претходните петнаесетина дена, Балажи, началник на оддел, кој посочи дека во овој момент проблем во лекувањето на заболените е недостатокот на реагенси за проверка на д-димери.

-Деновиве поради зголемената потрошувачка на реагенси д-димери, имаме нивен дефицит и моментално вакви реагенси позајмуваме од лабораторија, единствено за пациентите кои се згрижени во нашиот ковид центар, додека за останатите пациенти очекуваме реагенси да добиеме во текот на наредната недела и како што сум информиран нивниот недостаток е проблем во сите здравствени установи, додава Балажи.

Што се однесува до бројт на имунизирани во Општина Кичево, лекарот информира дека до денеска во Кичево се имунизирани 400 пациенти и сите без никакви последици ја поднеле вакцината, а на залиха се уште им преостануваат 100 вакцини од првата пратка и 100 вакцини примени во текот на оваа недела, со кои ќе се продолжи имунизацијата следната недела.

Во модуларниот ковид центар денеска се хоспитализирани 38 лица, повеќето на кислородна подршка и со потешка клиничка слика. за/нд/

Back to top button
Close
Close