0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Во Кичево целосно се почитува полицискиот час

Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид каде е вклучено и Кичево е стабилна. Изминатово деноноќие, кичевци во целост ја почитувале забраната за движење поради заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.

Кичево, 10 април 2020 (МИА) – Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид каде е вклучено и Кичево е стабилна. Изминатово деноноќие, кичевци во целост ја почитувале забраната за движење поради заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.

Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, кражби и сообраќајни незгоди информира портпаролот Стефан Димоски.

Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација. Извршени се 25 контроли на лицата кои веќе се во изолација од кои тројца во Кичево .

Полициските службеници извршиле и 114 контроли на угостителски објекти. рз/вг/

Back to top button
Close
Close