Дописници МКДОпштински вестиХроника

Во Кичево 19 лица во изолација, едно во самоизолација

Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид во моментов во изолација се 109 лица, од кои 19 се во Кичево. Врз нив полициски службеници извршиле вкупно 10 контроли.

Кичево, 31 мај 2020 (МИА) – Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид во моментов во изолација се 109 лица, од кои 19 се во Кичево. Врз нив полициски службеници извршиле вкупно 10 контроли.

Во самоизолација регистрирани се 30 лица, од кои само едно лице од Кичево и врз овие лица извршени се 14 контроли, информира портпаролот Стефан Димоски.

Тој додава дека полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 67 контроли врз угостителски и други објекти, од кои 42 во Кичево.рз/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close