Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Во Каталонија задолжително носење маска во јавност во сите ситуации

Каталонија од денеска  е првата шпанска покраина која воведува задолжително носење заштитни маски на јавно место, во сите услови и за сите жители и посетители.

Барселона, 8 јули 2020 (МИА) – Каталонија од денеска  е првата шпанска покраина која воведува задолжително носење заштитни маски на јавно место, во сите услови и за сите жители и посетители.

Одлуката ја објави премиерот на Каталонија, Ким Тора, четири дена откако 200.000 луѓе во областа на Сегрија се ставени во карантинпоаради избувнување на неколку жаришта на коронавирус.

– Маските ќе бидат задолжителни во цела Каталонија, не само во Сегрија. Мислам дека е важна мерка, рече Тора, додавајќи дека властите ќе дистрибуираат заштитна опрема.

Минатиот месец шпанските власти воведоа обврска за носење маска во затворен простор и на отворено кога не е можно растојание од 1,5 метри или додека не се најде вакцина или лек за коронавирусот.

Каталонија го отстрани исклучокот поврзан со растојанието, така што носењето маски е задолжително за сите ситуации. ссм/

Back to top button
Close
Close