БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во карантин уште еден бегалски камп во Грција, потврден случај на Ковид-19

Бегалскиот камп „Малакаса“ во близина на Атина, од утрово е во 14-дневен карантин откако беше потврдено дека 53-годишен бегалец од африканските земји е позитивен на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 5 април 2020 (МИА) – Бегалскиот камп „Малакаса“ во близина на Атина, од утрово е во 14-дневен карантин откако беше потврдено дека 53-годишен бегалец од африканските земји е позитивен на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за миграција и азил на Грција соопштуваат дека 53-годишниот, кој има здравствени проблеми, вчера попладне со симптоми на коронавирусот се пријавил кај лекарите во кампот, веднаш бил пренесен во болница во Атина и по направениот тест, потврдено е дека заразен со Ковид-19.

Неговото семејство е во карантин во кампот, а во тек е проверка на контактите.

Со одлука на министерот за миграција и азил на Грција, во соработка со заменик-министерот за цивилна заштита и претседателот на Националната организација за јавно здравје, во следните две седмици, во бегалскиот камп забранет е влез и излез.

Ова е втор бегалски камп во Грција што се става во карантин поради Ковид-19.

Од 1 април 2020 година, бегалскиот камп „Рицона“ во близина на грчкиот остров Евиа е во 14-дневен карантин, откако родилка сместена во кампот беше заразена со коронавирусот, а по проверката на нејзините контакти, беа потврдени 20 лица позитивни на Ковид-19. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close