БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во карантин 14 грчки полицајци по апсење на лице заразено со коронавирусот

Во карантин се 14 грчки полицајци кои биле во контакт со лице кое вчера било уапсено, а денеска било потврдено дека е заразено со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 18 август 2020 (МИА) – Во карантин се 14 грчки полицајци кои биле во контакт со лице кое вчера било уапсено, а денеска било потврдено дека е заразено со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, станува збор за државјанин на Сомалија, кој вчера бил уапсен за учество во тепачка и одведен во полициска станица во атинска населба, а утрово поради покачена температура, со брза помош бил пренесен во болница, каде што бил тестиран и потврдено дека е заразен.

По позитивниот тест, сите полицајци, како од конкретната полициска станица, така и оние кои учествувале во апсењето, но и оние кои го пренеле до возилото на брза помош, сега се во карантин. ср/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close