Дописници СветСветСвет.Портал

Во изминатите 24 часа во Флорида над 15.000 новозаразени лица со Ковид-19

Американската сојузна држава Флорида стана најзагрозено жариште на новиот коронавирус во САД,каде за едно деноноќие беа регистрирани 15.300 новозаболени лица

Вашингтон, 13 јуни 2020 (МИА) – Американската сојузна држава Флорида стана најзагрозено жариште на новиот коронавирус во САД,каде за едно деноноќие беа регистрирани 15.300 новозаболени лица.

Тва е најголем број на Ковид-19 случаи забалежани во која било држава за едно деноноќие. Претодниот рекорд беше 12.247 случаи во Њујорк во април.

Њујорк и Флорида имаат сличен број население, во првата држава живеат 19.4 милиони, додека во втората 21.4 милиони.

И покрај ударот на епидемијата, викендов во Орландо се отвори Дизниленд. Посетеноста засега е 20 проценти од дозволените капацитети, но набљудувачите се прашуваат дали е најдоброто време за повторно отварање на еден од најпопуларните забавни паркови во САД.

Во изминатото деноноќие во Флорида од вирусот починале 42 лица, додека од почетокот на пандемијата досега починале 4.242 лица.

Во меѓувреме, додека новиот короновирус се прошири како пожар во јужните и западните делови на САД, Американците се уште калкулираат дали треба да биде обврзно носењето маски.

Џером Адамс, главен американски здравствен претставник синоќа ги повика Американците да носат маски на јавни места, но не кажа дека таа пракса треба да стане обврзна во целата земја.

Само еден ден откако претседателот Доналд Трамп се појави со маска во јавноста, Адамс за Си-би-ес изјави дека на луѓето треба да им се каже зошто е важно да се покрива лицето.

– Како општ хирург, сакам луѓето да разберат зошто треба да се покрива лицето, и сигурен сум дека тие ќе го прават тоа, и ќе го прават доброволно и без да ги гледаме, тоа е важното, изјави Адамс.

Според него, администрацијата на Трамп, во летниот удар на пандемјата во САД, се обидува да го измени претходниот однос кон маските, кога оттаму доаѓаа сигнали дека тие не се неопходни. кб/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close