БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во изминатите 24 часа спречени околу 7.000 обиди за нелегален влез во Грција 

Во регионот на Еврос, во изминатите 24 часа, односно од шест часот наутро во средата, до шест часот утрово, биле спречени 6.955 обиди за нелегален влез во Грција, а биле уапсени 24 лица, меѓу кои најголемиот дел се од Авганистан и Пакистан, брифираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 5 март 2020 (МИА) – Во регионот на Еврос, во изминатите 24 часа, односно од шест часот наутро во средата, до шест часот утрово, биле спречени 6.955 обиди за нелегален влез во Грција, а биле уапсени 24 лица, меѓу кои најголемиот дел се од Авганистан и Пакистан, брифираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, во изминатите пет дена, од саботата наутро, заклучно со утрово, бил спречен нелегален влез во земјата во 34.778 случаи, а уапсени се вкупно 244 лица. ср/

Back to top button
Close
Close