Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Во Италија се зголемува бројот на новозаразени со коронавирусот

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Италија денеска се зголеми за 85, што е благ пад во однос на вчерашниот кога беше 88, објави Агенцијата за цивилна заштита, но додаде и дека бројот на заразени лица скокнал на 518 во однос на 177, колку што беше претходниот ден.

Рим, 5 јуни 2020 (МИА) – Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Италија денеска се зголеми за 85, што е благ пад во однос на вчерашниот кога беше 88, објави Агенцијата за цивилна заштита, но додаде и дека бројот на заразени лица скокнал на 518 во однос на 177, колку што беше претходниот ден.

Вкупниот број на починати од Ковид-19 во Италија е 33.774, соопшти Агенцијата, што е четврт најголем број во светот по САД, Велика Британија и Бразил.

Бројот на заразени со коронавирусот се искачи на 234.531, што е шести по големина во светот по САД, Русија, Шпанија, Велика Британија и Бразил.

Од 518 ново заразени, 402 се од северниот регион Ломбардија, кој е најтешко погоден од епидемијата.

На одделенијата за интензивна нега има 316 лица, нешто помалку од вчера, кога имало 338.

Од коронавирусот досега се излекувале 163.781 луѓе, а тестирани се 2,565 милиони луѓе. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close