ЕвропаЕвропа.Портал

Во Италија од 3 јуни е дозволено движење меѓу регионите

По повеќе од два месеца забрана воведена поради Ковид-19, од 3 јуни на италијанските граѓани ќе им биде дозволено да се движат надвор од регионот во кој се наоѓаат.

Џенова, 15 мај 2020 (МИА) – По повеќе од два месеца забрана воведена поради Ковид-19, од 3 јуни на италијанските граѓани ќе им биде дозволено да се движат надвор од регионот во кој се наоѓаат.

Според весникот „Кориере дела Сера“, според указот кој би требало да биде одобрен попладнево, движењето на територијата на регионите може да биде ограничено само со мерки за одредени области во согласност со епидемиолошкиот ризик во таа област.

Тоа значи дека движењето ќе биде дозволено секаде освен во „црвените зони“ кои би биле утврдени во договор меѓу регионалните власти и италијанската Влада.

Италија е првата европска земја која на почетокот на март воведе карантински мерки на целата територија, а по два месеци блокада на 4 мај почна постепено олеснување на рестриктивните мерки. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close