СветСвет.Портал

Во Иран уапсени околу 30 луѓе поради протести

Иранските судски власти уапсија околу 30 лица кои протестираа на улиците на Техеран, откако Иран призна дека урнал украински патнички авион.

Техеран, 14 јануари 2020 (МИА) – Иранските судски власти уапсија околу 30 лица кои протестираа на улиците на Техеран, откако Иран призна дека урнал украински патнички авион.

– Околу 30 лица се уапсени за учество во незаконски протести. Ние толерираме дозволени протести, рече портпаролот на судот Голамхосеин Есмаили.

Протести се одржаа во Иран во неделата и понеделникот, а демонстрантите ги повикуваа верските и државните водачи да се повлечат, откако војската призна дека урнала украински патнички авион по грешка.

Портпарол на Владата денеска соопшти дека авионот по грешка бил погоден од ракета, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот на Боинг на украинската авиокомпанија „Интернешнал ервејс“. зш/

Back to top button
Close
Close