СветСвет.Портал

Во Иран повторно отворени училиштата и универзитетите

Околу 15 милиони ученици и студенти во Иран денеска се вратија во училиштата и универзитетите откако повторно се отворија образовните институции во нивната земја по пауза од седум месеци предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Техеран, 5 септември 2020 (МИА) – Околу 15 милиони ученици и студенти во Иран денеска се вратија во училиштата и универзитетите откако повторно се отворија образовните институции во нивната земја по пауза од седум месеци предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Иранскиот претседател Хасан Рохани во обраќање до јавноста рече дека здравството и образованието се подеднакво важни за општеството, но дека родителите нема да бидат принудени да ги праќаат своите деца на училиште ако се влоши ситуацијата.

Според иранските медиуми, со работа почнаа и верските училишта во кои се вратија околу 50.000 Иранци. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close