Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во Иран почна регистрација на кандидатите за пратеници

Во Иран денеска почна регистрација на кандидатите за парламентарните избори што треба да се одржат во февруари 2020 година, јави иранската новинска агенција ИРНА

Техеран, 1 декември 2019 (МИА) – Во Иран денеска почна регистрација на кандидатите за парламентарните избори што треба да се одржат во февруари 2020 година, јави иранската новинска агенција ИРНА.

Изборите ќе се одржат на 21 февруари, а новиот парламентарен состав ќе почне со работа во мај.

Иранскиот Парламент има 290 места, а посебното тело – Совет на чуварите мора да ги одобри кандидатурите. Тие кои сакаат да се регистрираат мора да имаат од 30 до 75 години и завршени мастер студии.

Изборите што се одржуваат по немирите поради зголемување на цените на горивото ќе бидат мерило за умереното и реформистичко крило што го претставува претседателот на Иран, Хасан Рохани.

Иран не објави колку луѓе загинаа во немирите, додека „Амнести интернешнл“ тврди дека најмалку 161 лица се убиени за време на протестите. Според ирански официјални податоци уапсени над 7.000 луѓе.

Актуелниот претседател на Парламентот, Али Лариџан, кој имаше голема улога во зголемување на цените на горивото, најави дека нема да се кандидира на изборите. Тој на функција е 12 години. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close