Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во Ирак убиен познатиот политички аналитичар Хишам ал Хашеми

Вооружени напаѓачи во Багдад го убиле Хишам ал Хашеми, познат поранешен советник на ирачката Влада и политички аналитичар, соопштија полицијата и здравствени извори.

Багдад, 7 јули 2020 (МИА) – Вооружени напаѓачи во Багдад го убиле Хишам ал Хашеми, познат поранешен советник на ирачката Влада и политички аналитичар, соопштија полицијата и здравствени извори.

Хашеми бил убиен во близина на неговата куќа. Полициски извори изјавиле дека вооружени напаѓачи на мотоцикли пукале во Хашеми пред неговата куќа во источниот багдадски кварт Зајун.

Тој напишал многу бројни текстови за Исламската држава и за милициите што работеле во Ирак со поддршка на Иран.

Светските агенции информираат дека Хашеми имал добри врски со политичари, активисти и функционери во ирачкиот Парламент, како и дека работел како советник во поранешната Влада на ирачкиот премиер Хајдер ал Абади.

Официјален претставник на сегашната ирачка влада на премиерот Мустафа ал Кадими изјави дека Хашеми работел неофицијално како нејзин советник.

Досега никој не ја презеде одговорноста за убиството на Хашеми. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close