СветСвет.Портал

Во Ирак убиен еден од лидерите на протестите

Активистот Садун ал Лухаиби синоќа е убиен во југозападен кварт на Багдад. Тој бил застрелан во глава

Багдад, 2 јануари 2020 (МИА) – Активистот Садун ал Лухаиби синоќа е убиен во југозападен кварт на Багдад. Тој бил застрелан во глава.

Ал Лухаиби беше еден од лидерите на протестите во Ирак, што почнаа на 1 октомври.

Во протестите во Ирак до сега се убиени приближно 460 луѓе, а повредени се 25.000.

Демонстрантите бараат да се намали влијанието на Иран во Ирак. Тие денеска ја отстранија блокадата врз банки со цел административците да можат да ја подигнат декемвриската плата.

Но, демонстрантите ја продолжија блокадата на училиштата и административните згради. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close