ЕвропаЕвропа.Портал

Во Ирак ослободени четворица киднапирани хуманитарни работници

Четворица претставници на француска хуманитарна организација, кои беа киднапирани на 20 јануари во Ирак, денеска се ослободени, соопшти Елисејска палата

Париз, 27 март 2020 (МИА) – Четворица претставници на француска хуманитарна организација, кои беа киднапирани на 20 јануари во Ирак, денеска се ослободени, соопшти Елисејска палата.

Во соопштението се наведува дека Елисејската палата вложила максимални напори за ослободување на тројца француски државјани и еден Ирачанец, кои работеле за хуманитарната организација „Кришчан чарити“.

– Претседателот на Републиката (Еманнуел Макрон) изразува благодарност до ирачките власти за соработката, се посочува во соопштението. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close