Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во Ирак масовни протести против американските војници во земјата

Стотици илјадници приврзаници на влијателен, радикален шиитски свештеник се собраа денеска во центарот на Багдад, барајќи американски трупи да ја напуштат земјата, во момент на зголемени тензии откако САД на 3 јануари близу ирачката престолнина во воздушен напад го уби иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Багдад, 24 јануари 2020 (МИА) – Стотици илјадници приврзаници на влијателниот, радикален шиитски свештеник Муктада ал Садр се собраа денеска во центарот на Багдад, барајќи американски трупи да ја напуштат земјата, во момент на зголемени тензии откако САД на 3 јануари близу ирачката престолнина во воздушен напад го уби иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Од утрово на централниот плоштад во Багдад се слуша: Не, не Америка!, пренесува Танјуг. Медиумите забележале и дете со транспарент на кој пишува: Смрт за Америка. Смрт за Израел.

На Твитер е објавена и фотографија од демонстранти кои обесија картонски Доналд Трамп, искажувајќи го на тој начин незадоволството од американското воено присуство во земјата.

Патиштата и мостовите што водат кон силно утврдената Зелена зона, седиштето на ирачката Влада и неколку странски амбасади, вклучувајќи ги и САД, беа блокирани со бетонски бариери.

Полицијата, исто така, ги затвори патишта што водат кон местото на протестот, насловен „Марш на милион луѓе“. ссм/

Таг
Back to top button
Close
Close