СветСвет.Портал

Во Индија железнички вагони ќе се користат за изолација на заразени со коронавирус

Во Индија некои железнички вагони ќе бидат адаптирани во изолациски единици за пациенти заразени со коронавирус, во период кога властите во оваа земја се подготвуваат за пораст на бројот на заразени.

Њу Делхи, 28 март 2020 (МИА) – Во Индија некои железнички вагони ќе бидат адаптирани во изолациски единици за пациенти заразени со коронавирус, во период кога властите во оваа земја се подготвуваат за пораст на бројот на заразени.

Индиската железница денеска соопшти дека еден вагон е претворен во карантин кој ќе биде користен. Планот е секоја недела по десет вагони да се претвораат во единици за изолација на пациентите заразени со коронавирусот. Се уште не е познато по колку лица ќе бидат сместени во вагоните.

Во Индија се прекинати железничките линии, поради што голем број работници кои патуваат од селата во градовите со воз останаа без работа. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close