Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во Индија уапсени девет членови на Ал Каеда

Индиската Национална истражна агенција денеска соопшти дека уапсила девет припадници на терористичката организација Ал Каеда, кои планирале да извршат напади врз повеќе локации, вклучително и во Њу Делхи

Њу Делхи, 19 септември 2020 (МИА) – Индиската Национална истражна агенција денеска соопшти дека уапсила девет припадници на терористичката организација Ал Каеда, кои планирале да извршат напади врз повеќе локации, вклучително и во Њу Делхи.

Шестмина се уапсени во индиската држава Западен Бенгал, а другите тројца во државата Керала.

Националната истражна агенција, главно индиско тело за борба против тероризмот, наведе и дека уапсените биле поврзани со огранок на Ал Каеда, поддржан од Пакистан. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close