СветСвет.Портал

Во Индија рекорден пораст на новозаразени со коронавирусот

Во Индија во последните 24 часа регистрирани се рекордни 28.637 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на заболени достигна 849.553.

Њу Делхи, 12 јули 2020 (МИА) – Во Индија во последните 24 часа регистрирани се рекордни 28.637 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на заболени достигна 849.553.

Ова влошување на епидемиолошката состојба ги натера властите да најават воведување на карантински мерки во траење од една недела во градот Бангалор во јужниот дел на земјата.

Во текот на вчерашниот ден, потврдени се уште 551 смртен случај, вкупно 22.674 од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство на Индија.

Според податоци на универзитетот Џонс Хопкинс, Индија сега е пред Русија според бројот на заразени во светот, зад САД и Бразил. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close