Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во Индија регистрирани рекордни 20.000 позитивни случаи на Ковид-19

Во Индија денеска се регистрирани 20.000 заразени лица со новиот коронавирус, што е рекорден број на инфицирани во еден ден

Њу Делхи, 3 јули 2020 (МИА) – Во Индија денеска се регистрирани 20.000 заразени лица со новиот коронавирус, што е рекорден број на инфицирани во еден ден.

Во последните 24 часа во Индија се потврдени 20.903 позитивни случаи, а починале  397 лица.

Индија по бројот на заразени лица се приближува кон Русија, која со потврдени 600.000 случаи и е трета земја по бројот на заразени лица, по САД и Бразил.

И покрај ширењето на вирусот, Индија ги олеснува мерките и започнува со обнова на економијата.

Министерството за култура на Индија соопшти дека знаменитостите, вклучително и Таџ Махал ќе бидат отворени за посета од следната недела, но со ограничен број на посетители и задолжително носење маски.

Од почетокот на епидемијата во Индија досега се регистрирани вкупно 625.544 позитивни случаи на новиот коронавирус, а починати се 18.213 лица. ки/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close