0_Web_АктуелноSvet.SlajderСветСвет.Портал

Во Хубеи 132 нови смртни случаи од новиот коронавирус, опаѓа бројот на заразени

Бројот на новопотврдени случаи на новиот коронавирус во Хубеи е на најниско ниво од 11 февруари и е под 2.000 втор ден по ред.

Пекинг, 19 февруари 2020 (МИА) – Бројот на починати од новиот коронавирус во централната кинеска провинција Хубеи   се зголеми за 132, достигнувајќи 1.921, соопшти локалната здравствена комисија.

Во соопштението се додава дека во провинцијата се регистрирани 1.693 нови случаи, со што вкупниот број заразени е 61.682.

Бројот на новопотврдени случаи на новиот коронавирус во Хубеи е на најниско ниво од 11 февруари и е под 2.000 втор ден по ред.

Најголем број смртни случаи има во главниот град на провинцијата Вухан, за кој се верува дека во него почна ширењето на заразата.

Во Вухан се пријавени 116 нови смртни случаи, а во градот досега починале 1.487 луѓе од новиот коронавирус.зш/

Back to top button
Close
Close