БалканБалкан.Портал

Во Хрватска 19 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 19 нови случаи на коронавирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Загреб, 20 јуни 2020 (МИА) – Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 19 нови случаи на коронавирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Најмногу од нив, седум, се регистрирани во Загреб.

Во Хрватска досега се тестирани 72.202 лица, од кои 388 во последните 24 часа.

Досега, од коронавирусот се излекувале 2.142 лица, додека 107 луѓе починале. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close