БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во хотел карантин на грчкиот остров Тасос сместени четворица туристи позитивни на Ковид-19

На островот Тасос и во приморското место Пангео во близина на Кавала регистрирани се шест случаи на Ковид-19 кај асимптоматски туристи, веројатно од Бугарија и Србија, а четворица од нив веќе се сместени во хотел-карантин, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 8 јули 2020 (МИА) – На островот Тасос и во приморското место Пангео во близина на Кавала регистрирани се шест случаи на Ковид-19 кај асимптоматски туристи, веројатно од Бугарија и Србија, а четворица од нив веќе се сместени во хотел-карантин, јави дописничката на МИА од Атина.

Позитивните случаи ги потврдија градоначалниците на двете општини, кои објаснија дека на островот Тасос четворица туристи се во карантин, додека пак во Пангео двајцата позитивни туристи биле дојдени на еден ден и веќе се заминати од Грција.

Туристите на Тасос, според грчките медиуми се од Србија и веќе сместени во специјално одреден хотел карантин.

Онлајн изданието на весникот „Етнос“ пишува дека позитивен на Ковид-19 е уште еден српски турист кој летува на Тасос, но побарал наместо во карантин на островот, заедно со семејството да се врати дома, за што и добил дозвола.

Градоначалникот на Пангео соопшти дека двајцата асимптоматски туристи во саботата биле тестирани на граничниот премин Промахонас, рекле дека нивната крајна дестинација е приморското место Пангео во близина на Кавала,  но со оглед на тоа дека биле само на еден ден, додека да бидат готови резултатите од тестирањето, тие веќе биле вратени во нивната држава. ср/зш/

Back to top button
Close
Close