НекатегоризираноСветСвет.Портал

Во Хонг Конг се собраа неколку стотици демонстранти

Неколку стотици демонстранти денеска се собраа во Хонг Конг, каде пред шест месеци вооружена маса ги нападна антивладините демонстранти, обвинувајќи ја полицијата дека не сторила доволно за одговорните да ги изведе пред лицето на правдата.

Хонг Конг, 21 јануари 2020 (МИА) – Неколку стотици демонстранти денеска се собраа во Хонг Конг, каде пред шест месеци вооружена маса ги нападна антивладините демонстранти, обвинувајќи ја полицијата дека не сторила доволно за одговорните да ги изведе пред лицето на правдата.

Хонг Конг повеќе од седум месеци е зафатен со протести поради сега повлечениот закон за екстрадиција во Кина за судење.

Протестите кои ги предводеа млади луѓе, вклучуваа масовни маршеви, употреба на молотови коктели и судири на универзитетските кампуси, и прераснаа во поширок бунт против властите и кинеското правило на цврста рака.

Некои демонстранти собрани кај железничката станица Јуен Лонг, во област во близина на границата со Кина, велат дека сè уште се трауматизирани од сцените на толпата во бели кошули која тепа демонстранти во црни кошули и обични луѓе, на 21 јули минатата година. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close