Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во Хонг Конг ќе се цензурираат филмовите кои ја загрозуваат националната безбедност

Властите во Хонг Конг денеска го овластија Одборот за цензура да го забрани секој филм што би можел да ја загрози националната безбедност. - При анализа на филмот и неговото влијание врз гледачите, цензорот мора да земе во предвид обврската за спречување на сите активности кои можат да претставуваат закана по националната безбедност, се наведува во соопштението на властите на Хонг Конг. - Исто така се наведува дека „цензорот во име на народот на Хонг Конг е должен да го штити суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Народна Република Кина“. - Хонг Конг беше центар на азиската кинематографија, па објавуваше и до 200 филмови на кантонски јазик, дијалект на кинескиот јазик. Цензурата на филмовите е уште еден удар за политичката и културната слобода на Хонг Конг. Изминатиот период значително е влошена политичката клима поради мешањето на Пекинг во задушувањето на продемократските протести во 2019 година.

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.

+389 2 2461600
marketing@mia.mk
Таг
Back to top button
Close
Close