Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Во Хаг почнува судењето за соборувањето на малезискиот авион над Украина

Пред суд во Холандија денеска почнува судењето на тројца Руси и еден Украинец, кои се обвинети за повеќекратно убиство заради нивната вмешаност во соборувањето на авионот на „Малејжа ерлајнс“  во 2014 година.

Хаг, 9 март 2020 (МИА) – Пред суд во Холандија денеска почнува судењето на тројца Руси и еден Украинец, кои се обвинети за повеќекратно убиство заради нивната вмешаност во соборувањето на авионот на „Малејжа ерлајнс“  во 2014 година.

Ова судење долго го очекуваат семејствата и пријателите на 298-те погинати лица на 17 јули 2014 година , кога ракета „Бук“  го погоди авионот на линијата МН17, над источна Украина.

Семејствата вчера пред Амбасадата на Руската Федерација во Хаг поставија 298 бели столчиња во редови што потсетуваат на внатрешноста на авионот, за да го изразат својот протест заради тоа што Москва намерно се обидува да ја прикрие вистината за тоа што се случило.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб судењето го нарече „важна пресвртница кон одговорноста за уривањето на МН17“ и смртта на 298 лица, вклучувајќи и 10 Британци.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздрави почетокот на судењето и Русија ја повика „да ги прекине континуираните агресивни  и дестабилизирачки активности во Украина“.

По долгата и тешка истрага, која траеше неколку години, меѓународниот тим од истражители и обвинители минатата година именуваше четворица осомничени: Русите Игор Гиркин, Сергеј Дубински и Олег Пулатов, како и Украинецот Леонид Харченко. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close