БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Грција за два дена казнето 91 лице за непочитување на мерките за одржување растојание и носење маска

Во текот на вчерашниот ден, грчката полиција при контролите за почитување на мерките за задолжително носење маска и одржување растојание казнила 66 лица, а во изминатите два дена била изречена 91 казна, во висина од 150 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 6 мај 2020 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден, грчката полиција при контролите за почитување на мерките за задолжително носење маска и одржување растојание казнила 66 лица, а во изминатите два дена била изречена 91 казна во висина од 150 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Најголемиот број прекршоци се регистрирани во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Дополнително, полицијата врши контроли и за движење на граѓаните вон периферијата на нивното постојано живеалиште, со што вчера биле регистрирани 90 прекршоци, за што казната е исто така 150 евра.

Од понеделникот, задолжително е носењето маска во јавниот превоз во Грција, а полицијата заедно со контролорите од јавниот превоз спроведуваат контроли во автобусите, тролејбусите, како и на метро станиците.ср/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close