БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Вo Грција регистрирани 10 нови случаи на Ковид- 19

На Кипар, по пет дена повторно регистриран нов случај на Ковид-19, во Грција 10 во изминатите 24 часа, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 21 јуни 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 10 нови случаи на Ковид-19 со што бројката на заразени се зголеми на 3.266 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

На Кипар, откако пет дена по ред немаше ниту еден нов случај, денеска е регистриран еден. Бројот на позитивни на Ковид-19, од почетокот на епидемијата изнесува 986 лица. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close