БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Грција регистриран 41 нов случај на Ковид-19, од кои 26 кај туристи

Од 41 нов случај на Ковид-19 во Грција, 11 се од тестовите направени на влезните точки во земјата, а 15 кај туристи кои самоиницијативно се тестирале.

Атина, 11 јули 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 41 нови случаи на Ковид-19, од кои 11 се по направените тестови на влезните точки во земјата.

Вкупниот број на заразени се зголеми на 3.772 лица, покажуваат податоците од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, од останатите 30 случаи, половината, односно 15 се исто така кај туристи, но кои по своја иницијатива се тестирале за време на нивниот престој во Грција. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close