БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Грција бројот на жртви од Ковид-19 се зголеми на 49

Седум лица во Грција починаа од Ковид-19 во изминатите 24 часа, а вкупниот број се зголеми на 49, додека пак од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 1314 позитивни случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 31 март 2020 (МИА) Седум лица во Грција починаа од Ковид-19 во изминатите 24 часа, а вкупниот број се зголеми на 49, додека пак од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 1314 позитивни случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас на редовната секојдневна прес конференција, рече дека во изминатите 24 часа регистрирани се 82 нови случаи, а кај екипаж на брод за крстарење биле потврдени уште 20 други позитивни случаи, од проверени 383 лица.

Од хоспитализираните, 85 се приклучени на апарати и се на просечна возраст од 66 години.

Од Ковид-19 во Грција починаа 37 мажи и 12 жени на просечната возраст од 72 години.

Кај јужниот сосед, до сега се спроведени 16732 тестови. ср/

Back to top button
Close
Close