Некатегоризирано

Во Грција 105 лица починале од сезонски грип

Во изминатите шест месеци, односно од почетокот на октомври минатата година, заклучно со 5 април 2020 година, во Грција починале 105 лица од сезонски грип, согласно податоците од грчката Национална организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Атина, 10 април 2020 (МИА) Во изминатите шест месеци, односно од почетокот на октомври минатата година, заклучно со 5 април 2020 година, во Грција починале 105 лица од сезонски грип, согласно податоците од грчката Национална организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

Според седмичниот извештај за периодот 30 март до 5 април 2020, активноста на грипот е ниска, со тренд на опаѓање, а регистрирани се шест нови смртни случаи.

Од почетокот на сезоната на грип во Грција, 226 лица биле хоспитализирани на интензивна нега.

Од смртните 105 случаи, 59 се мажи, а 46 жени на просечна возраст од 67,4 години, додека пак 90,5 отсто, односно 95 лица биле од високоризичната група граѓани за кои се препорачува вакцинирање. ср/

Back to top button
Close
Close