Дописници МКДОпштински вести

Во Градско ќе се подобрува водоснабдувањето

Општина Градско ќе гради два цевковода и уште еден нов бунар, а ќе го реконструира и стариот резервоар за вода.

Велес, 5 август 2021 (МИА) – Општина Градско ќе гради два цевковода и уште еден нов бунар, а ќе го реконструира и стариот резервоар за вода.

Како што информира за МИА градоначалникот Роберт Бешовск, овие актвиности се дел од проектот „Подобрување на водоснабдување на Градско“ вреден 220 илјади евра, втора фаза. Средствата се обезбедени од Европската инвестициска банка,преку Министерството за транспорт и врски.

-Со овој проект многу ќе се подобри водоснабдувањето во Градско, посебно во летните денови кога е потребно и поголемо количество вода за жителите. Ќе се овозможат и подобри услови за живеење на сите жители во оваа населба во која е и седиштето на локалната самоуправа на Општина Градско, потенцира Бешовски. ад/мч/

Back to top button
Close
Close