Дописници МКДОпштински вести

Во градинката „Рахилка Гонева“ во Свети Николе, последни подготовки за прием на деца

Во детска градинка „Рахилка Гонева“ во Свети Николе, се прават последните подготовки за прием на деца од 9 септември. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека деновиве од екипа на Центарот за јавно здравје- Велес е извршена целосна дезинфекција на сите простории во градинката со цел безбеден престој на децата. 

Штип, 5 септември 2020 (МИА) – Во детска градинка „Рахилка Гонева“ во Свети Николе, се прават последните подготовки за прием на деца од 9 септември. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека деновиве од екипа на Центарот за јавно здравје- Велес е извршена целосна дезинфекција на сите простории во градинката со цел безбеден престој на децата.

Од раководството на детската градинка потсетуваат дека родителите чии деца сакаат да бидат згрижени во истата, да ги достават потврдите од работа заклучно до понеделник 7-ми септември, како и медицинските потврди од матични лекари за децата. За два дена, посочуваат, ќе се знае и колку деца ќе бидат згрижени.

Приемот и згрижувањето на дечињата ќе биде согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца утврден од страна на Владата и на Министерството за труд и социјална политика. вдј/цр

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close