Општински вестиСкопје

Во градинката „Панорама – Водно“ поставени 33 инвертер-клими

о градинката „Панорама – Водно“ во Општина Центар денска беше промовиран проектот за набавка на 33 инвертер-клими, донација од АД МЕПСО.

Скопје, 5 февруари 2020 (МИА) – Во градинката „Панорама – Водно“ во Општина Центар денска беше промовиран проектот за набавка на 33 инвертер-клими, донација од АД МЕПСО.

Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање, истакна дека од овој момент не постои јавен објект-градинка што веќе загадува во Општина Центар. Додаде дека до 2024 нема да има јавна институција која ќе загадува.

– Во оваа градинка не само што не мириса на нафта, туку е и потопло, почисто. И она што е најзначајно заштедата ќе биде околу 30-40 проценти. Нема потреба во пет часот наутро да дојдеме да го палиме нафтениот котел за на децата да им биде топло, почисто, а и поевтино е. Десет тони  потрошувачка, зависно од зимата, би чинело осум илјади евра. Но, сега за 40 до 45 проценти ќе биде помал трошокот и околу 700 килограми помалку ПМ2 и ПМ10 честички во воздухот, рече Макрадули.

Љупчо Зиков, финансиски директор на АД МЕПСО рече дека во разговор со директорката дознал дека пред да бидат инсталирани инвертерите често мирисало на нафта, бидејќи погонот за греење бил на нафта.

– И не само во градинката, туку мирисало и во околината, во населбата. Што е исто така проблематично, во дворот имало котел, буре со нафта што претставувало опасност за децата. Сакам да порачам дека овој проект со замена на погоните на греење со инвертори е добар и конкретен чекор кон  намалување на загаденоста и намалување на сите видови опасности што таа ги носи, изјави Зиков.

Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар информира дека оваа градинка била единствениот објект кој што користел начин на греење што предизвикува загадување. Апелира до сите општествено-одговорни компании и физички лица кои се во можност да помогнат во сите објекти да се замени греењето со еколошкиот начин на греење.

Оваа градинка почнала да работи од 1985 година и се простира на 1.130 метри квадратни.

Габриела Алабашовска, директорка на градинката „Кочо Рацин“ посочи дека во 2013 година е извршена целосно реновирање на прозорците и изолацијата низ целиот објект.

– Но, со поставувањето на инвертер-климите, градинката е потполно енергетски ефикасна. Досега објектот се грееше со екстра лесно гориво, каде што потрошувачката на годишно ниво беше 10 тони, рече Алабашовска.фф/са/

Posted by MИА.mk on Среда, 05 февруари 2020

Back to top button
Close
Close