Дописници МКДОпштински вести

Во Гостивар се гради нов спортско-рекреативен центар

Половина километар од левиот брег на Врадар ова лето ќе биде претворен во модерен спортско-рекреативен центар. Вредноста на инвестицијата е 250 илјади евра и ќе биде една покрупните на општината за оваа година.

Гостивар, 12 август 2020 (МИА) – Половина километар од левиот брег на Врадар ова лето ќе биде претворен во модерен спортско-рекреативен центар. Вредноста на инвестицијата е 250 илјади евра и ќе биде една покрупните на општината за оваа година.

Реализацијата на идејата која произлезе од проектот „Јакнење на општинските совети“, која УНДП ја спроведува со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка, е во напредна фаза. На делот од малиот мост до училиштето „Мустафа Кемал Ататурк“ оваа недела се работи на уредување на подлогата и околината.

Од општината велат дека по изградбата, Гостивар ќе добие еден од најмодерните спортско-рекреативен центри во Северна Македонија.

– Реализацијата на овој проект чини 250 илјади евра. Од нив, 50 илјади ги обезбеди Швајцарската агенција за развој (SDC), а 200 илјади евра се од буџетот на Општина Гостивар. Му се заблагодаруваме на швајцарскиот народ за поддршката и нека им е честито на гостиварци, велат од локалната самоуправа.

До овој проект се дојде преку форумски сесии со граѓаните кои во декември минатата година и ги соединија предлозите.

Изградбата на центарот доцни, а тоа најмногу е поради изборите и пандемијата. Според најавите тој треба да биде комплетиран пред почетокот на октомври.

Со проектот, новиот спортско-рекреативен центар покрај Вардар е предвидено да биде опремен и уреден според последните трендови. Подлогата по целата површина е од посебен вид на гума, а предвидени се патеки за движење на лица со посебни потреби и повозрасни. За рекреација ќе има вештачки карпи за качување и справи за вежбање. За да биде престојот попријатен, ценатрот ќе добие урбана опрема: канделабри, клупи, корпи за отпад.згм/

Back to top button
Close
Close