0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Во Гостивар поведена постапка за три лица кои не ги почитувале здравствените прописи

Основното jaвно обвинителство Гостивар поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица кои не ги почитувале здравствените прописи и го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица кои не ги почитувале здравствените прописи и го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, едно од обвинетите лицa, како сопственик на угостителски објект во село Горно Речица, гостиварско, на 8 април бил затекнат како послужува повеќе гости во внатрешноста на објектот. Со тоа, лицето не постапило согласно на мерките и препораките од Владата на Република Северна Македонија за сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот.

Другите обвинети, со возило или пеш во одделни кривично правни настани се движеле низ градот иако во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата на Република Северна Македонија.

Обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот на двајцата обвинети да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби. ​​дма/сп/

Back to top button
Close
Close