Дописници МКДОпштински вести

Во Гевгелија зголемена бројот на зависници од опојни дроги

Во гевгелискиот центар за превенција и третман на зависници од опојни дроги моментно се третираат 64 лица од кои седум жени и 57 мажи на возраст од 30 до 45 години, информираа денеска од Општата болница со проширена дејност.

Гевгелија,28 мај 2021 (МИА) – Во гевгелискиот центар за превенција и третман на зависници од опојни дроги моментно се третираат 64 лица од кои седум жени и 57 мажи на возраст од 30 до 45 години, информираа денеска од Општата болница со проширена дејност.

Со метадонска терапија се третираат 53, а останатите 11 примале бупренорфин. Освен третманот со медикаменти, на лицата зависници од хероин им се пружа психолошка и социјална подрдшка.

-Бројката на зависници од наркотици и психотропни супстанци,често се движи меѓу 50 и 90 лица затоа што се третираат и затвореници од гевгелискиот затвор,а годинава за разлика од минатата година бројката на зависници кои се третираат во Центарот во Гевгелија е зголемена за 10 лица, велат од Општата болница.

Раководството на болницата напомена дека бројката се однесува само на регистрирани лица кои се лекуваат во Центарот за зависници и дека реалната бројка е сигурно многу поголема поради што се предлага изготвување на национална и локална стратегија за решавање на актуелниот проблем. им/са/

Back to top button
Close
Close