Дописници МКДОпштински вести

Во Гевгелија продолжи вакцинацијата на лица над 65-годишна возраст

Масовната имунизација на населението од општина Гевгелија против Ковид-19 продолжи денеска со новопристигнатите 700 дози од кинеската вакцина „Синовак“, соопштија од Општата болница со проширена дејност.

Гевгелија, 16 јуни 2021 (МИА) – Масовната имунизација на населението од општина Гевгелија против Ковид-19 продолжи денеска со новопристигнатите 700 дози од кинеската вакцина „Синовак“, соопштија од Општата болница со проширена дејност.

Покрај гевгеличани, на два вакцинални пункта се вакцинираат и жителите од општините Богданци и Дојран, на возраст над 65 години.

Директорот на болницата, Митко Крџев посочи дека дневно ќе се имплицираат по 170 дози од вакцините на двата пункта во гевгелиската Општа болница, и тоа само на лица пријавени преку апликацијата „Мој термин“, кои по добивањето порака треба да се јават во закажаниот термин на пунктовите сместени во поранешното одделение за кожни и венерични болести.

Покрај ова, директорот Крџев нагласи дека во зависност од бројот на пријавените, можно е на дневна основа да се намалува и старосната граница на пријавените лица за вакцинација.

Инаку, од модуларната ковид-болница во Гевгелија, последниот пациент заболен од Ковид-19 е пуштен дома на 23 мај, а официјално од 31 мај модуларната болница е затворена. им/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close