0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштество

Во Гевгелија почна пролетна акција за бетонирање на улични краци

Согласно годишната програма за подобрување на локалните улици,во Гевгелија почнаа градежни активности од пролетната акција за бетонирање на неуредени улични краци.

Гевгелија,10 мај 2021 (МИА) – Согласно годишната програма за подобрување на локалните улици,во Гевгелија почнаа градежни активности од пролетната акција за бетонирање на неуредени улични краци.

Од општината потврдија дека се бетонирани два крака од улицата „Кожуф“ и еден од улицата „Никола Карев“ со што на граѓаните кои живеат на нив им се создадоа услови, при врнежливо време, повеќе да не газат кал додека стигнат до дома.

– Состојбата на овие улични краци беше исклучително лоша поради што моравме да интервенираме и на граѓаните да им обезбедиме соодветни услови за приод до дома. Наредниот период ќе продолжиме со средување на останатите помали улички и улични краци со што годинава патната инфраструктура значително ќе ја подобриме, рече градоначалникот Сашо Поцков.

Покрај ова, во завршна фаза се и градежните активности за уредување на три пристапни патишта во индустриската зона „Ракита“ во Гевгелија кои, по поставувањето на бетонски рабници, ќе бидат асфалтирани и поврзани со главните сообраќајници во градот. им/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close