Дописници МКДОпштински вести

Во Гевгелија конституиран општинскиот совет за социјална заштита

Во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Гевгелија денеска беше конституиран општинскиот совет за социјална заштита кој беше формиран од Советот на општина Гевгелија на една од изминатите седници.

Гевгелија,16 јануари 2020 (МИА) – Во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Гевгелија денеска беше конституиран општинскиот совет за социјална заштита кој беше формиран од Советот на општина Гевгелија на една од изминатите седници.

Советот за социјална заштита има 15 членови и е составен од претставници на општинската администрација, Центарот за социјална работа, даватели на услуги, здруженија на граѓани, верски заедници, образованието, здравствената заштита, полицијата и Јавното обвинителство на општина Гевгелија.

Членовите на Советот за социјална заштита за претседател ја избраа Љубица Карајанова од општинското одделение за јавни дејности, по чие водство денеска го разгледаа Предлог социјалниот план кој може да се доработи и надополни, ги мапираа социјалните проблеми и направија анализа на капацитетите, расположливите социјални услуги и на специфичните потреби за развој на социјалните услуги во општина Гевгелија.

-Во Програмата за социјална работа, што треба да ја донесе општинскиот Совет, ќе се предвидат финансиски средства за реализација на активности во насока на одржување на социјалната сигурност и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од ранливите категории, велат од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Гевгелија. им/ир

Таг
Back to top button
Close
Close