Избрано

Во Германија расте бројот на зарази што се пренесуваат со сексуални односи

Во Германија  повторно расте бројот на сексуално преносливи инфекции, но за луѓе без сипмтоми не е секогаш лесно да се  тестираат. Предрасудите и незнаењето спречуваат превенција, пишува Дојче веле.

12 септември 2020 

Дојче Веле, Бон

Во Германија  повторно расте бројот на сексуално преносливи инфекции, но за луѓе без сипмтоми не е секогаш лесно да се  тестираат. Предрасудите и незнаењето спречуваат превенција, пишува Дојче веле.

Ајша Х. по вторпат се обидува да биде тестирана за сексуално преносливи болести. Прво се обидела кај својот матичен лекар, а потоа се надевала дека нејзиниот гинеколог ќе го стори тоа.

Таа и нејзиното поранешно момче повторно се смириле и пред повторно да имаат сексуални односи двајцата сакале да се осигурат дека се здрави, но реакцијата на медицинската сестра им бола обесхрабрувачка. Сестрата ја прашала Ајша зошто сака тестови кога нема симптоми.

-Одговорот ме полуде, вели Ајша. „Како да сум хипохондрик, а само сакав да имам безбеден секс“.

Незгодни разговори

– Во голем број лекарски ординации во Германија се уште се водат незгодни разговори за сексуално преносливите болести, вели Норберт Брокмајер, раководител на Центарот за сексуално здравје и медицина во Бохум.

Неуспехот навремено да се дијагностицираат инфекции, како што се сифилис, кламидија или гонореја, ја зголемува стапката на сексуално преносливи болести (СПБ), вели тој.

-Заразениот може да ја пренесе болеста врз други дури и ако самиот нема никакви симптоми, објаснува Брокмајер. „Затоа овие сексуално преносливи болести се повеќе се шират. Додека бројот на заболени од сифилис во Германија во 2001 година беше толку мал што беше занемарлив, според институтот Роберт Кох, но, во меѓувреме, бројката се зголеми на над 7.000. Се проценува, бидејќи нема точни поадтоци, дека годфишно во земјата има и до 300.000 нови инфекции на кламидија и 30.000 на гонореја, вели Брокмајер.

Доколку не се лекуваат, овие болести можат да имаат далекусежни последици како што се неплодност, откажување на органите или карцином. Покрај тоа, веројатноста за развој на СИДА се зголемува.

Стигматизација и срам

-Табу-то за сексуално преносливите болести во Германија постои првенствено затоа што многумина не се свесни за зголемувањето на бројот на заразени. Ова важи не само за лаиците, туку и за лекарите, вели Брокмајер.

Иронијата на историјата е дека причините за игнорирањето е делумно успешната кампања за СИДА во 90-тите години на минатиот век. Бидејќи Германците сè повеќе користеа кондоми, бројот на ХИВ инфекции и други сексуално преносливи болести се намалуваше.

Како резултат на тоа, младите лекари за време на своето едуцирање на сексуално преносливите болести гледаа како на ретка појава. Сè уште е невообичаено за младите лекари да наидат на пациент со сифилис или гонореја.

Образование за лекар

Во пракса, ова доведува до тоа лекарите да не знаат какви прашања треба да им постават на пациентите во врска со сексуалното здравје. Некои дури и не знаат дека германското здравствено осигурување ги покрива трошоците за тестови за сексуално преносливи болести доколку има соодветни симптоми.

Во 2016 година, Федералниот центар за здравствено образование почна кампања за спречување на сексуално преносливите болести. Таа разви програма за едукација на лекарите за да им помогне да дијагностицираат инфекција и подобро да комуницираат за сексуалното здравје. Покрај тоа, започна медиумска кампања за охрабрување на сексуално активните луѓе да се тестираат доколку забележат симптоми како што се чешање или плускавци на гениталиите.

„Препорачуваме луѓето да се распрашуваат во локалните здравствени установи, советодавни центри или нивниот матичен лекар дали има тест за сексуално пренослива болест, ако некое лице нема симптоми“, соопшти Федералниот штаб во изјава за ДВ.

Траума на сидата

“Хомосексуалните мажи во Германија имаат широк спектар на опции за тестирање. Многу клиники се специјализирани за здравствени проблеми на хомосексуалците. Ова е од една страна затоа што е поголема веројатноста да ги имаат овие инфекции”, вели Волфганг Освалд, лекар во здравствениот центар во Берлин „Чекпоинт Ман-О-Метер”, што се обраќа пред се на хомосексуалците. Покрај тоа, постои поголема јасна свест кај хомосексуалните и бисексуалните мажи за значењето на овие тестови.

„За време на 80-тите и 90-тите, изгубив голем број пријатели и колеги поради СИДА-та, така што нашата заедница е навистина сензибилизирана за опасноста од сексуално преносливи болести“, вели Освалд.

Посилна свест кај хомосексуалците

Како хомосексуалец, Александар Н. без тешкотии бил постојано тестиран за сексуално преносливи болести во Берлин. А неговата сестра Ајша Х. е испраќана од лекар до лекар, за на крајот да биде одбиена за тестирање од здравствената установа.

Тој добил бесплатен тест за сексуално преносливи болести од истиот матичен лекар кој ја одбил неговата сестра,  иако немал никакви симптоми.

Причината е едноставно – тоа што тој кажал дека е хомосексуалец, вели тој.

„Се надевам дека ќе стане понормално да се зборува за -сексуалното здравје за секого, така што моите пријатели ќе имаат можности за тестирање исто како и јас“, вели Александар. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close