0_Web_АктуелноЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Во Германија повеќе од 15.000 заразени со новиот коронавирус

Во Германија за 24 часа потврдени се повеќе од 2.500 нови случаи на заразени со Ковид-19, со што вкупниот број надмина 15.000 луѓе, објавија синоќа германските медиуми.

Берлин, 20 март 2020 (МИА) – Во Германија за 24 часа потврдени се повеќе од 2.500 нови случаи на заразени со Ковид-19, со што вкупниот број надмина 15.000 луѓе, објавија синоќа германските медиуми.

Центар на епидемијата во Германија и понатаму е покраината Сееврна Рајна-Вестфалија со 4.971 инфицирани лица, а потоа следат Баден Виремберг и Баварија.

Во Германија од новиот коронавирус починаа 44 луѓе, а двајца германски државјани починаа во Египет.

Германската канцеларка и премиерите на германските покраини в недела ќе ја разгледуваат можноста за воведување на полициски час. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close