Svet.SlajderДописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Во Франција потврдени 1.784 случаи на заразени со коронавирус и 33 смртни случаи

Француското Министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа во Франција се потврдени нови 372 случаи на заразени со коронавирусот, со што нивниот број достигна 1.784, а досега има 33 смртни случаи, 19 мажи и 14 жени, јави дописникот на МИА. 

Париз, 10 март 2020 (МИА) – Француското Министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа во Франција се потврдени нови 372 случаи на заразени со коронавирусот, со што нивниот број достигна 1.784, а досега има 33 смртни случаи, 19 мажи и 14 жени, јави дописникот на МИА. 

Генералниот директор за здравство Жером Саломан, истакна дека во 98 отсто од случаите заболените од коронавирусот во Франција се излечени.

-Стапката на смртност останува ниска во Франција, и има многу малку сериозни случаи во однос на откриените носители на вирусот, рече тој.

Франција и понатаму останува во фазата два, со приоритет да се запре ширењето на вирусот, со создавање на бариери, со што ќе треба да се избегне врвот на епидемијата при преминот во третата фаза.

Жером Саломан, исто така назначи дека вирусот Ковид-19 има различен клинички профил од тој на сезонскиот грип, но притоа тој тврди дека 80 до 85 отсто од инфекциите се безопасни.тг/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close