Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Во Франција откриени две работилници за изработка на фалсификувани документи

Мрежата била специјализирана за изработка на шпански, италијански, белгиски и француски лични карти и возачки дозволи.

Париз, 23 јуни 2020 (МИА) – Француската полиција соопшти дека открила две работилници за изработка на фалсификувани лични документи на поширокиот простор на Париз, и уапси три лица, од кои две се Алжирци кои биле задолжени за продажба.

Мрежата била специјализирана за изработка на шпански, италијански, белгиски и француски лични карти и возачки дозволи. Дел од тие фалсификувани документи билеа продавани во популарна област во Париз. Цената се движела од 150 до 200 евра.

Во тие работилници полицијата открила печатари, печати како и 1.500 празни лични карти и возачки дозволи. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close