ЕвропаЕвропа.Портал

Во Франција 181 лице пуштени од карантин поради коронавирусот

Првата група француски државјани, кои се евакуирани од кинескиот град Вухан, пуштени се денеска од карантин на азурниот брег по две недели.

Марсеј, 14 февруари 2020 (МИА) – Првата група француски државјани, кои се евакуирани од кинескиот град Вухан, пуштени се денеска од карантин на азурниот брег по две недели.

Никој од 181 лице не е позитивен на вирусот, соопштија властите.

– Немаше никакви проблеми, а луѓето се среќни затоа што заврши, изјави директорот на Црвениот крст, Марк Зилтман.

Патниците по евакуацијата од Вухан беа сместени во карантин во одморалиштето Кари ле Руе на азурниот брег.

Уште една група од 157 лица, која е сместена во јужниот дел на Франција, и натаму е во карантин, а од нив 122 лица ќе бидат пуштени за два дена, а останатите на 23 февруари.

Во Франција се регистрирани 11 случаи на заболени од коронавирусот. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close