ЕвропаЕвропа.Портал

Во Финска почна втората фаза на епидемијата

Финска влезе во „втората фаза“ на епидемијата на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство, откако властите поставија нови ограничувања за доаѓање од некои земји од Европската унија.

Хелсинки, 6 август 2020 (МИА) – Финска влезе во „втората фаза“ на епидемијата на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство, откако властите поставија нови ограничувања за доаѓање од некои земји од Европската унија.

Белгија, Холандија и Андора се отстранети од зелениот список на земји, а туристите кои доаѓаат од таму мора да одат во 14 дена карантин.

– Ситуацијата е исклучително деликатна, рече Лиза-Марија Воипио-Пулки од стратешкиот тим на Министерството за здравство, додавајќи дека „почнала некоја друга втора фаза“.

И покрај зголемувањето на бројот на новозаразени, Финска сè уште има најниска стапка на зачестеност во Европа, со два нови случаи на 100.000 лица во последните 14 дена.

Досега во оваа нордиска земја со 5,5 милиони луѓе, пријавени се 7.532 заразени со Ковид-19 и 331 смртни случаи.

Властите соопштија дека „планот за есен“ ќе биде објавен следната недела и со него ќе се утврдат нови мерки што ќе се воведат доколку вирусот продолжи да се шири. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close