СветСвет.Портал

Во Еквадор затвореници прават ковчези за починатите од коронавирус

Затворениците во шест затвори во Еквадор почнаа да изработуваат ковчези за починатите од коронавирус, соопшти денеска затворската служба.

Кито, 10 април 2020 (МИА) – Затворениците во шест затвори во Еквадор почнаа да изработуваат ковчези за починатите од коронавирус, соопшти денеска затворската служба.

Ковчезите се наменети за подрачјето Гвајас кое е најмногу погодено од вирусот. Тие се изработуваат од дрва запленети од Министерството за животна средина за време на илегална сеча на шумите.

Семејствата со најмали примања чии членови починале од коронавирус ќе добијат ковчези.

Во Еквадор се регистрирани 4.965 заразени, од кои 272 лица починале. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close